fbpx

Коцијанчич: Европската Унија не сака да се меша во случајот со Никола Груевски

-

Европската Унија не сака да се меша во случајот со поранешниот премиер Никола Груевски и со неговото барање политички азил во Унгарија – изјави портпаролот на Европската комисија, Маја Коцијанчич, за „Пресинг ТВ“.

Коцијанчич вели дека „ова е случај кој не смее да се политизира“.

– Свесни сме за ситуацијата во врска со господинот Груевски. Ние не коментираме тековни судски постапки. Владеењето на правото е основен принцип на Европската Унија, за земјите членки и за земјите кандидати. Очекуваме сите заинтересирани страни да дејствуваат строго во согласност со релевантните правила. Ова е судска постапка која не смее да се политизира- изјави Коцијанчич.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...