fbpx

И српски „Спутњик“ во кампања: „Европски аплауз за Заев како крешчендо на лицемерието“

-

Руската владина новинска агенција „Спутњик њуз“ на својата верзија на српски јазик денеска објави текст  во кој го нападна македонскиот премиер Зоран Заев дека поткупувал и уценувал пратеници „за да го протурка политичкиот проект за измени на македонскиот устав“.

„Македонскиот премиер Зоран Заев, сврте цел круг, од човек што стана лидер на Македонија на бранот на немирите поради корупцијата, до човек што поткупува и уценува пратеници во Собранието, за да го протурка политичкиот проект за измени на македонскиот Устав“, пишува „Спутњик“ еднострано, без да ги наведе демантите што дојдоа од македонските пратеници, како и од некои од партиите.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што гласаа „за“, во изјави или соопштенија за јавност негираа дека добиле закани или пак уцени и понуди за мито.

Во коментарот од наслов „Европски аплауз за лидерот на Македонија како крешчендо на лицемерието“, се вели дека Заев постигнал двотретинско мнозинство за измени на уставот против волјата на граѓаните на неговата земја и дека тоа го постигнал „купувајќи осум пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ“.

Наспроти погоре споменатите деманти од пратениците, во коментарот не се споменува ниту дека од гласовите на референдумот повеќе од 92 отсто биле „за“.

„Заев од Брисел и Вашингтон добива аплаузи за она што во која било земја на ЕУ или во САД би се нарекло изигрување на демократијата. Но аплаузот што сега го доби е посебен, бидејќи му се честита за организирање на изигрување на народната волја“, пишува во коментарот, кој исто така не наведува дека во речиси сите анкети во Македонија во последните 10-12 години, поддршката за зачленување на земјата во ЕУ е над 68% отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...