fbpx

Османи-Рот: Свесни сме за комплексноста на процесот за членство во ЕУ, но и на придобивките

-

Вицепремиерот за економски прашања Бујар Османи, денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања имаше средба со германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот.

Османи изразил голема благодарност за континуираната поддршка и посветеноста на Германија на процесот на пристапување во Унијата на земјите од Западен Балкан, рефлектирана и преку иницијативата „Берлински процес“, соопштија од СЕП.

Османи се осврнал на важноста на периодот во кој се наоѓа Македонија на евроинтегративниот пат, во контекст на неодамнешната одлуката на Европскиот Совет за временска рамката од 12 месеци, или јуни 2019 година, за почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

-Свесни сме за комплексноста на процесот, кој вклучува огромен корпус на законодавство на Унијата кое треба да се транспонира во националното законодавство но тоа се придобивки кои водат кон суштинската трансформација на земјата во европско демократско општество со функционална пазарна економија, ефикасни институции и професионална администрација – рече Османи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...