fbpx

Гинекологија ќе добие аванс од ФЗОМ за да ја одблокира сметката

-

Проблемот со блокираната сметка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје е решен и клиниката ќе добие аванс за да ја одблокира сметката, објави претпладнево министерот за здравство Венко Филипче. Тој тврди дека работењето на ГАК не е загрозено и дека ќе има плати за вработените.

Клиниката ќе добие пари во форма на аванс од Фондот за здравство, откако во понеделникот сметката на оваа јавна здравствена установа беше блокирана.

Авансот ќе изнесува околу 660.000 евра, колку што недостасуваат за да се одблокира сметката, која е замрзната поради доспеани судски извршни решенија за случаи во кои родителите тужеле заради тоа што нивните предвремено родени деца добиле ретинопатија додека престојувале на клиниката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...