fbpx

Уапсени крадец и педофил барани со потерница

-

Полицијата изминативе два дена уапсила две лица кои се барале со потреница за издржување на неколкугодишни затворски казни, од кои едниот за кривично дело полов напад врз малоленик.

Како што информираат од МВР, вчера екипа на скопската полиција го уапсила четириесет и шестгодишниот Африм Р. од Скопје, кој по судска наредба се барал за издржување затворска казна од 11 години за полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години. Тој бил спроведен во полицската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Во вторникот, пак, постапувајќи по судска наредба, бил уапсен скопјанецот Лабинот Ј.(46), кој треба да одлежи тригодишна затворска казна за тешка кражба. Тој веднаш бил спроведен во затворот „Идризово“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...