fbpx

Атина му се налути на Хан оти за „Шпигел“ рекол Македонија, а не ФИРОМ

-

Грчкото министерство за надворешни работи вчера се огласи со остра реакција на еврокомесарот Јоханес Хан поради неговите бројни изјави во кои кажува „Македонија“ наместо ФИРОМ.

Во обемно интервју за германскиот магазин „Шпигел“, Хан постојано го употребува името Македонија кога зборува за преговорите за пристапување на земјава во ЕУ.

Атина го повика Хан да „го почитува меѓународниот правен поредок“.

„Го повикуваме комесарот Хан да го почитува меѓународниот правен поредок и да се воздржи од нарушување, меѓу другото, на одлуките и заложбите на Европската Унија. Посебно среде актуелната критична конјуктура, кога се одвиваат валидни преговори. Неговите постојани грешки не придонесуваат за постигнување напредок во преговорите за спорот за името. Ниту пак се конзистентни со конструктивната улога што членовите на Европската Комисија треба да ја играат“, гласи реакцијата на грчкото МНР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...