fbpx

Пешевска останува во куќен притвор, пресече Апелација

-

Апелацискиот суд ја потврдил одлуката на Кривичен суд, за продолжување на куќниот притвор на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска за учество во насилството во Собранието на 27 април минатата година.

На денешната јавна седница таа кажа дека не сторила тероризам и не ја загрозила безбедноста на македонскиот народ. Пешевска се произнесе дека не е виновна и бараше да и се укине куќниот притвор.

– Не можам да повторам дело кое не сум го ни извршила. Не мислам да бегам и да влијаам врз сведоци. Ги понудив и двата пасоша, ако има потреба. Немам ниеден ден отсуство во Собранието. Мајка сум на три малолетни деца. Живеам со стари свекор и свекрва за кои се грижам. Загрозена ми е здравствената состојба, како и на моите деца кои се под третман на психолози – рече Пешевска.

До сега Апелација ги потврди одлуките на Кривичниот суд за сите осомничени за настаните од крвавиот четврток во Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...