fbpx

ДИК го усвои извештајот, приговорите ќе се разгледуваат утре

-

Државна изборна комисија на денешната 158. седница го усвои извештајот за поднесените приговори за постапката за гласање, сумирање и за утврдување на резултатите. Од таму информираат дека разгледувањето на приговорите и одлучувањето по нив, ќе биде утре на седницата која е закажана во 10 часот. ДИК е должна да реши по приговорите во рок од 48 часа по приемот.

До Државната изборна комисија пристигнале вкупно 46 приговори за постапката за гласање, сумирање и за утврдување на резултатите од локалните избори, кои се одржаа во неделата, на 15 октомври.

Најмногу приговори – 43 поднела опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а по еден приговор поднеле ТМРО, Алијансата за Албанците и Левица.

Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври.

Во првиот круг од изборите, СДСМ освои 38 градоначалнички места, три места освои ВМРО-ДПМНЕ, двајца градоначалници се од редовите на ДУИ, двајца се независни, а еден градоначалник во следните четири години ќе биде од Демократската партија на Турците во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...