Со почеток во 18 часот, Државна изборна комисија денеска ќе ја одржи 158. седница, на која ќе го разгледува извештајот за поднесените приговори за постапката за гласање, сумирање и за утврдување на резултатите.
Планирано е и донесување предлог-заклучок за објавување на конечни резултати за општините каде што нема поднесено приговор.