Двете жени обвинети за убиството на полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун во Малезија, ја негираа вината на судењето во Куала Лумпур.
Индонезијката Сити Аисјах (25) и Виетнамката Ти Хуонг (28) се појавија во судницата со лисици и во панцирно одело. Околу 200 полицајци се задолжени за безбедноста на почетокот на судењето.
Жените се обвинето дека в лице му фрлиле на Ким Јон-нам гас „в-иск“, смртоносна верзија на сарин. Тие се соочуваат со доживотна затворска казна.
Видеоснимката од аеродромот покажува како двете жени ѝ приоѓаат на жртвата, а едната од нив му фрла нешто в лице. Четириесет и петгодишниот Ким Јонг-нам почина на пат кон болницата.
Адвокатите на обвинетите тврдеа дека тие биле измамени и дека верувале оти учествуваат во скриена камера.
Ким Јонг-нам беше критичар на политиката на својот полубрат и живееше во егзил.
Поради случајот, заострени се односите меѓу Малезија и Северна Кореја.