fbpx

Австрија е против нови санкции кон Русија

-

Австрија се спротистави на предлогот на германската канцеларка Ангела Меркел, Европска Унија да воведе дополнителни санкции кон Русија поради кризата во Украина.

Австрискиот канцелар Вернер Фајман изјави дека не ја поддржува идејата бидејќи австриските компании веќе трпат големи загуби поради ваквите мерки.

– Нашиот одлучен став е дека исправен е патот во кој и Русија ќе биде вклучена во разговорите – рече Фајман.

Австрија не го призна изборните резултати во Источна Украина, но Фајман се сомнева дека санкциите кон Русија ќе помогнат во решавањето на украинскиот проблем.

Дополнителните санкции ќе ù зададат уште поголем удар на австриската економија, која трговски и финансиски е поврзана со рускиот пазар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поплави во Бразил без преседан – 78 загинати и 115.000 раселени

Поплави траат веќе една недела во Рио Гранде ду Сул, најјужната држава во Федеративната Република Бразил, пренесува Ал Џазира. Забележани се најмалку 78 загинати, 105 лица се водат како...