fbpx

Швајцарската амбасадорка на Заев му врачила стратегија за соработка меѓу двете земји

-

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Сибил Сутер Тејада, која му ја врачила долгорочната стратегија за соработка помеѓу двете земји, со која Швајцарија планира значително да ѝ помогне на Македонија во понатамошниот напредок и развој.

Поддршката се однесува на програми за унапредување на работата на Собранието, програми за унапредување на изборниот процес, како и поддршка за развој на стручното образование во приватниот сектор.

„За новата владина програма амбасадорката истакна дека содржи проекти кои се од значаен интерес за граѓаните и ја изрази подготвеноста на Швајцарија да ги поддржи ваквите проекти за да се унапреди економскиот развој, демократскиот капацитет на водење на земјата на локално и на централно ниво“, информираат од владиниот прес-центар.

Заев ја информирал амбасадорката за реформските процеси од планот „3-6-9“, како и за проектот „Гаранција за млади“ со кој државата на младите ќе им овозможи вработување, практична работа или тренинг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...