fbpx

Заев побара поддршка од граѓанскиот сектор за реализацијата на реформските приоритети

-

Намерата на Владата е до крајот на годината Македонија да добие чиста препорака за почеток на преговорите со Европската Унија, а следната година и датум за почеток на преговорите за полноправно членство. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев во своето обраќање на почетокот на тематските консултации што се одржаа во Владата со претставниците на граѓанското општество, за реформските приоритети и за нивно спроведување.

Премиерот посочи дека Владата обезбедила позитивен политички амбиент за реализацијата на овие цели и дека Македонија ја има поддршката од Европската Унија.

Тој побара поддршка од граѓанскиот сектор за процесот на реформите, во кој, како што рече, ќе бидат вклучени сите општествени чинители. Владеењето на правото, реформите во јавната администрација, изборите, Собранието и независните регулаторни тела, како и медиумите, се петте теми на кои ќе работат работни групи за да се подготви план по кој треба да работи Владата.

– Сакам од името на целата Влада да побарам ваша поддршка. Гласноста на граѓанското општество навистина ја позиционираше ЕУ сосема спротивно од она што беше нејзина определба пред две или три години во однос на проширувањето. Подготвени сме да учиме како Влада. Вие знаете повеќе од нас бидејќи работите експертски во многу области кои за нас се многу важни за евроинтеграциите… Сите имаме свои ангажмани. Владата инклузивно се отвори. Сите ја носиме одговорноста да се вградиме на секој можен начин. Апелирам, времето е зрело да се вградиме сите и да одработиме – рече Заев.

Тој нагласи дека ќе бидат поставени реални цели на краток рок – до три месеци, на среден рок – од шест до девет месеци и на долг рок – повеќе од девет месеци, во кои, според него, може многу да се постигне во реформите. Еден огромен дел, додаде премиерот, зависи од политичката и од општествената желба или волја, а не само од законите.

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, на состанокот истакна дека оваа влада наредните неколку месеци ќе ги посвети на реформските приоритети и затоа пристапила кон изработка на стратешки план, во кој ќе бидат вметнати и сугестиите и идеите на граѓанското општество. Целта е, како што рече Османи, брза испорака на резултати.

Планот за евроинтеграции ќе му биде претставен на еврокомесарот за проширување и за доборсоседска политика Јоханес Хан, кој в понеделник доаѓа во посета на Македонија, а најавено и негово учество на седница на Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...