Во Македонија времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови и на крајниот исток од земјата. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 6.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 20 Целзиусови степени, а дневната од 23 до 29 степени.
Појава на слаб дожд попладне ќе има и в недела, особено на југот од земјава. Засилен северен ветер и посвежо време ќе има до понеделник, а потоа иако ветерот ќе остане северен, тој ќе има послаб интензитет и температурата ќе биде во пораст, вели прогнозата на УХМР.