fbpx

Меј до Заев: Новата Влада отвора пат за напредок на Република Македонија

-

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет, на која британскиот амбасадор ја поздравил определбата на новата Влада кон реформските процеси, како и конструктивните и инклузивни политики.

Гарет, во име на британската премиерка Тереза Меј му врачи и честитка на премиерот Заев, за неговото стапување на должност претседател на Владата на Република Македонија, со јасно изразена надеж дека новата Влада отвора пат за напредок на Република Македонија.

„После долгогодишна политичка криза, новата Влада има важна можност да ги имплементира многу потребните реформи“, стои во честитката, во која Меј ја охрабрува посветеноста на македонската Владата за зајакнување на владеењето на правото, спроведување на потребните судски реформи и градењето независни институции.

Заев на средбата ја повторил посветеноста за придвижување на реформскиот процес. Тој истакнал дека првичните резултати од реформите ги очекува во септември и изрази надеж дека тогаш ќе биде почната и втората фаза од сериозните реформи.

Премиерот Заев рекол дека Владата е определена, во интерес на сите граѓани, да ги вклучи во реформските процеси граѓанскиот сектор, опозицијата, како и сите кои сакаат и можат да помогнат.

Британскиот амбасадор Гарет, на средбата со премиерот Заев соопштил дека Велика Британија останува голем пријател на Македонија на патот на демократските и интеграциските процеси, во интерес на граѓаните на Македонија, како и одблиску заинтересирана за стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...