fbpx

Северна Кореја се закани со напад врз Белата куќа и врз Пeнтагон

-

Северна Кореја бара извинување од САД за „безобѕирното“ ширење неиздржани обвинувања дека Пјонгјанг стои зад хакерскиот напад на „Сони“, притоа заканувајќи се со „пропорционален одговор“ доколку претседателот Барак Обама не одговори на нивните барања.

Според официјален Пјонгјанг, извештајот на ФБИ за хакерскиот напад на „Сони пикчрс ентертејмент“ се темели на „промислени обвинувања, а не на научни докази“ за вмешаноста на Северна Кореја.

Северна Кореја соопшти дека има „јасни докази“ дека американската администрација била „длабоко инволвирана“ во продуцирањето на филмот „Интервју“, бидејќи сценариото е напишано според препораките на Стејт департментот.
Пјонгјанг, исто така, ги обвини САД дека се „главен виновник за тероризмот“, кои „создаваат заговори кои ги кријат зад производството и зад дистрибуцијата на филмови“ за да го дестабилизираат светот.

– Нашите најтешки контранапади ќе бидат насочени кон Белата куќа, Пентагон и кон целата територија на САД, ѓубралникот на тероризмот“ – соопштија од Пјонгјанг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...