fbpx

„Пред дождот“ во 500 најреволуционерни филмови во историјата на кинематографијата

-

Швајцарскиот Филмски центар „Филмподиум“ од Цирих го вброи македонскиот филм „Пред дождот“ на Милчо Манчевски во 500 најреволуционерни филмови во историјата на кинематографијата. Овој филм е рамо до рамо со сите најзначајни филмски остварувања, од „Граѓанинот Кејн“ на Орсон Велс до „Рашмон“ на Акира Куросава, од филмовите на Фелини и на Бергман до тие на Хичкок и на Кјубрик.

„Пред дождот“ е прикажан овој месец, а серијата во Цирих насловена „Првиот век филм“ ќе трае дури 10 години.

Во воведот на „Филмподиум“ за Манчевски се вели: Манчевски стручно си игра со текот на времето, само во можноста на паралелизам или дупки тој гледа излез од спиралата на насилството.

„Њујорк тајмс“ го вброи „Пред дождот“ во 1.000 најдобри филмови на сите времиња. За филмот на Манчевски во Фиренца се одржа академска конференција, а за него се предава на бројни универзитети во светот, дури е влезен и во наставната програма во Италија. Има освоено повеќе од 30 високи награди, меѓу кои „Златен лав“ во Венеција, номинација за „Оскар“ во Холивуд, награда на УНИЦЕФ, „Златен кондор“ во Аргентина, награди во Шведска, Бразил, Русија, Турција, Белгија, итн.

Сево ова го прави овој филм најуспешно дело кога било создадено во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...