fbpx

Променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд

-

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и со појава на град. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен на север и вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 14, а дневната од 19 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје, предпладне умерено облачно, попладне променливо облачно со повремен дожд и грмежи и со умерен до засилен западен ветер. Утринската температурата ќе се спушти до 12, а највисоката дневна ќе достигне 25 Целзиусови степени.

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под серија на влажни воздушни бранови претежно од Медитеранот. Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа проследени со грмежи и со засилен ветер.

Локално особено во јужните делови на земјава се очекува да наврнат обилни количини на воден талог, особено в недела и во вторник. Можна е и појава на невреме со град и со засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер, што ќе предизвика намалување на дневната температура и тоа за 5 до 7 Целзиусови степни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...