fbpx

Ахмети: Значајно е сите партии да постигнат договор околу локалните избори

-

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека значајно е сите политички партии да постигнат договор околу локалните избори, односно да се постигне договор околу промената на Изборниот законик и датумот за одржување на локалните избори.

Ова тој го изјави за „ТВ24“ по средбата што денеска ја имал со евроамбасадорот Самуел Жбогар, со кој, меѓу другото, разговарал и за локалните избори.

„Разговаравме и околу гаранциите што Иванов ги бара за давање на мандатот, околу територијалниот интегритет и уставниот поредок на Македонија. Неколкупати сум кажал дека се залагам за унитарниот карактер на Македонија, почитување на Уставот и дека ја сметам Македонија за моја држава, за наша држава“, изјави Ахмети.

Тој уште еднаш ја изрази поддршката на ДУИ за лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за да оди кај претседателот Ѓорге Иванов и со програмата на владата да ја гарантира унитарноста на државата.

„Ние не сме за театар ниту за холивудски филм, туку да се однесе гаранцијата од сите страни. Сметам дека Иванов ќе го даде мандатот и не сакам да бидам скептичен“, додаде Ахмети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...