fbpx

СДСМ: Нема да има нови парламентарни избори

-

Ќе биде избран нов претседател на Собранието, кој ќе отвори пат за избор на новата реформска влада, реагира СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека брзи парламентарни и локални избори се решение на кризата.

Од партијата наведуваат дека нови парламентарни избори нема да има и дека Груевски не е фактор, туку граѓаните.

„И не е точно дека неколкуте стотини граѓани, кои сè потешко излегуваат на нарачаните протести во одбрана на криминалната платформа на Груевски и на фамилијата, го промениле ставот за измислената платформа. Груевски сфати дека не може да се вози повеќе на таа апсурдна проѕирна лага, затоа што единствениот реален документ што постои е програмата на новата реформска влада, позната на целата домашна јавност и на цел свет. Во неа нема ни промена на химна, знаме, грб, банкноти, име, ниту пак штети врз македонскиот јазик како службен јазик во Република Македонија. Содржината на програмата е јавно достапна“, велат од СДСМ и додаваат дека предвремените избори му се потребни единствено на Груевски, за да ја продолжи политичката криза.

Од партијата наведуваат дека Груевски мора да престане да го уценува трансферот на власта со насилство и да ја прифати реалноста дека ВМРО-ДПМНЕ е опозиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на книгата „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ од Сузана Милевска

Утре во КСП Центар - Јадро ќе се промовира книгата „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ од Сузана Милевска, кураторка и теоретичарка на визуелна уметност. Книгата е...