Два пилота на Војската на Србија погинаа денеска во уривање на школско-борбен авион Супергалеб Г-4 кај селото Слатина кај Шабац, соопшти српското министерство за одбрана.
Погинале потполковникот Ненад Ќулибрк од Командата на Военото воздухопловство и противвоздушна одбрана и капетанот Дејан Пандуровиќ од 252. Школско тренажна авијациска ескадрила од аеродромот Батајница.
Авионот се урнал во 10.30 часот при редовна летачка обука. Почната е обемна истрага.
Некои сведоци тврдат дека авионот експлодирал во воздух, а некои велат дека авионот се забил во земја и се распаднал.
Српскиот премиер Александар Вучиќ и министерот за одбрана Зоран Ѓорѓевиќ им изразија сочувство на семејствата на загинатите пилот.