fbpx

Притворени три лица осомничени за трговија со марихуана

-

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за спроведување истражна постапка против три лица, кои се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и прекурсори.

Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, станува збор за лицата Ф.И. (50), С.Ф. (50) и М.А. (47), на кои на барање на обвинителството, судија на претходна постапка им одредил мерка притвор.

Според обвинителството, на почетокот на оваа недела тројцата договориле купопродажба на околу еден килограм марихуана. Дрогата ја набавил осомничениот С.Ф. и преку Ф.И., како посредник, требало да му ја продаде на М.А.

Во вторникот вечерта на локалниот пат од селото Одри кон Џепчиште, полициски екипи го запреле возилото во кое бил Ф.И. и по извршниот преглед кај патосницата од совозачкото седиште пронашле едно пакување марихуана со тежина од еден килограм.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...