fbpx

Атанасов: Овој јуни нема да има екстерно тестирање

-

Oвој јуни нема да биде најстресниот месец во годината за учениците, наставниците и за родителите, бидејќи новата влада уште на првата владина седница ќе го укине нелогичното екстерно тестирање, кое освен притисоци врз учениците и казни за наставниците, не донесе ништо добро, велат од СДСМ.

Оттаму најавуваат крупни реформи во образованието, кои треба да обезбедат успешен модерен и европски образовен модел.

– Во основното образование, во првите пет години ќе има само описно оценување. Оценки ќе има во следните четири години. Бројот на ученици во паралелка ќе го намалиме на 25 ученици во просек. Во средното образование, покрај класичното четиригодишно гимназиско и стручно образование, ќе воведеме и можност за завршување по втора и трета година кај стручното образование. Така, оние кои сакаат побрзо да се вклучат во пазарот на трудот, нема непотребно да ги задржуваме во образовниот систем – изјави денеска на прес-конференција пратеникот во Собранието и претседател на комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов.

Тој рече дека новата влада ќе ги врати и ќе ги почитува автономијата и достоинството на универзитетите.

– Ќе ги преиспитаме дисперзираните студии. Ќе помогнеме да се приспособат студиските програми кон потребите на општетството. Државата ќе им помогне на студентите во поматамошното дошколување, но и во наоѓање работа. Никогаш повеќе нема да дозволиме да се вршат експерименти врз учениците и да се носат ад хок решенија кои одат на штета на учениците, студентите, наставниците и на професорите, како што беше досега – нагласи Атанасов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...