fbpx

Притисоците врз ученици се кривично дело, велат од СДСМ

-

„Недозволиво е директори да повикуваат ученици да бојкотираат настава за да бидат дел од протести на кои се поттикнува и се шири етничка и национална омраза. Тоа е кривично дело!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Според партијата, новата реформска влада ќе го врати достоинството на образовните институции и ќе ги спречи ваквите скандалозни злоупотреби.

– Најостро ги осудуваме притисоците како тој на директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Кирил Николоски, кој денеска, како што можеше да се види од видеоснимката што излезе во јавноста, прави притисок врз ученици да протестираат. Институциите се должни веднаш да реагираат – се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...