Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од минус 2 до 3 Целзиусови степени, а максималната од 5 до 11 степени.
Во Скопје и во околината нè очекува слично време со температура од нула до 8 Целзиусови степени.
До крајот на неделата ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Утринската температура на некои места ќе биде негативна, најниска во вторник, од минус 6 до 2 Целзиусови степена. Под влијание на топла воздушна маса ќе бидат во пораст, како и дневната која во петок ќе се движи од 12 до 18 Целзиусови степени.