Времето денеска ќе биде студено со мала облачност која поизразена ќе биде на југот од земјата. Ќе дува слаб, претежно северен ветер. Температурата ќе се движи од минус 2 до 5 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец со температура до 2 Целзиусови степени.
Најстудено утринива е во Берово и во Битола, каде што се измерени минус 18 Целзиусови степени.
Снежната покривка е највисока на Маврово и изнесува 71 сантиметар.