fbpx

СДСМ: 10.000 евра неповратни пари за младите со добра бизнис-идеја

-

Предвидуваме по 10.000 евра неповратни пари за млади луѓе со добра бизнис-идеја. Младите луѓе ќе добијат шанса во центрите за иновативни бизниси каде новоотворени компании ќе добијат бесплатен деловен простор, се вели со соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека ќе се овозможи отворање на фирма со само едно евро влог и ќе се обезбедат поволни кредити до 15.000 евра со само еден процент камата за отворање микробизнис.

– Најмалку 626.312 луѓе, меѓу нив најголем број млади, се иселија од Македонија поради тоа што не ја гледаа својата иднина во Македонија. Младите беа првите што јасно го кренаа својот глас против уништувачките политики на досегашната власт. Тие си ја бараат својата шанса за живот во родната земја – се додава во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелски демонстранти блокираат и уништуваат хуманитарна помош за Газа

Демонстранти од израелската крајнодесничарска активистичка група Цав 9 вчера блокираа камиони кои носеа хуманитарна помош во Газа, пренесува „Тајмс оф Израел“. Дополнително, по социјалните мрежи кружеа неколку видеа од...