fbpx

Сопругата и нејзиниот љубовник најверојатно го убиле грчкиот амбасадор, јавува ТВ „Глобо“

-

Бразилската полиција се сомнева дека грчкиот амбасадор во Бразил е убиен од неговата сопруга и од нејзиниот љубовник – полицаец, јавува телевизијата „Глобо“, повикувајќи се на полициски извори.

Полицијата потврди дека телото пронајдено во изгорен автомобил е амбасадорот Кирјакос Амиридис (59), кој исчезна пред три дена, кога од Бразилија тргнал да ги прослави новогодишните празници на плажата Копакабана.

Полициски истражители, за телевизијата „Глобо“ изјавиле дека сопругата на Амиридис, Франсоаз, и полицаецот Сержио Мориеара биле налогодавци, а можно и извршители на убиството на амбасадорот, во предградието на северниот дел на Рио де Жанеиро.

Сопругата и нејзиниот љубовник се приведени на сослушување, но не е познато дали повикале и адвокати.

Ниту грчката амбасада во Бразил, ниту полицијата и грчките претставници не сакаат да ги коментираат наводите на телевизијата „Глобо“.

Телевизијата наведува дека се притворени уште две осомничени лица, но оти не се идентификувани.

Полицијата претходно наведе дека малку веројатно е дека грчкиот амбасадор е киднапиран затоа што не е побаран откуп.

Во Рио де Жанеиро степенот на криминалитет е висок и чести се насилните инциденти, особено во периодот меѓу католички Божик и Нова година, кога стотина илјади туристи го посетуваат градот.

Амиридис годинава беше назначен за амбасадор во Бразил. Тој од 2001 до 2004 година бил генерален конзул на Грција во Рио де Жанеиро, а од 2012 до 2016 година бил амбасадор во Либија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Град Скопје: Фирма без соодветни документи и дозвола монтира панорамско тркало пред „Борис Трајковски“

Фирма регистрирана пред само еден месец, без соодветни дозволи и документи кои гарантираат безбедност, монтира панорамско тркало и други реквизити во Општина Карпош пред арената „Борис Трајковски“, обвинува Град...