ДПА: Горди сме што одредени центри не успеаја да нè избришат од политичката сцена

-

Демократската партија на Албанците ја оцени 2016 година како многу лоша, особено за Албанците што живеат во Македонија. На традиционалното новогодишно обраќање на партијата, се обрати секретарот на ДПА, Азем Садику. Тој посочи дека и надворешни и внатрешни фактори, постојано работеле против ДПА, а со тоа и против албанските интереси.

– Сме кажале дека оваа војна од центри која се води против Албанците во Македонија, се идентификува со војната која со децении се води против ДПА, бидејќи тие центри знаат дека колку е послаба ДПА, толку полесно ги остваруваат своите непријателски цели кон Албанците – изјави Садику.

Тој истакна дека се горди што како партија никој не успеал да ги избрише од политичката сцена и сега како ДПА ќе имаат одлучувачки мандат, мандат на етничката опозиција.

Садику во својот говор посочи дека ДУИ е најголемиот губитник од овие избори, а Алијансата за Албанците ја обвини дека работела за други интереси и дека нејзина цел била да се спречи големата победа на ДПА.

На новогодишното обраќање на ДПА беше присутен и лидерот на партијата, Мендух Тачи. Тој за новинарите не сакаше да даде никаков коментар, ниту, пак, образложи зошто двајцата пратеници од ДПА денеска не учествуваа на конститутивната седница на Собранието на Македонија.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...