fbpx

Нухиу: Ќе се обидам сите граѓани да бидат задоволни од мојата работа

-

Свесен за периодот во кој ќе раководам со Министерството за внатрешни работи, ќе направам максимални напори со ова решение да бидат задоволни сите граѓани на Македонија, без оглед на нивната национална, верска, партиска и социјална припадност, изјави Агим Нухиу при преземањето на министерската функција од досегашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Нашето општество има потреба од силна поддршка, како од аспект на концептот за безбедност во земјата, така и од аспект на човечко достоинство. Не може да се казнуваат престапниците на законот со нивно деградирање, туку со соодветни институционални мерки, како што не може да се одбрани безбедноста на земјата со кршење на човековите права, туку со законски оперативни дејства. Функционирањето на правната држава и владењето на правото претставуваат еден голем предизвик – изјави Нухиу.

Нухиу, кој е кадар на ДУИ, е првиот Албанец што доаѓа на позицијата министер за внатрешни работи.

Со објавувањето на конечните резултати од изборите од страна на Државната изборна комисија (ДИК), им заврши мандадот на министрите и на дополнителните заменици-министри во министерствата за внатрешни работи (Оливер Андонов), труд и социјална политика (Диме Спасов), земјоделство, шумарство и водостпанство (Љупчо Николовски), финансии (Кире Наумов) и за администрација и информатичко општество (Александар Кирацовски), во согласност со Договорот од 20 јули.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...