недела, 13 септември, 2026
Meta.mk

Ознака: министер за внатрешни работи | 21 резултати

Спасовски за 24 ТВ: Стабилна и мирна безбедносна состојба, без никакви индиции за нарушување

јануари 17, 2023

Безбедносната состојба е стабилна и во овој момент без никакви индиции дека може да биде нарушен мирот, безбедноста и спокојот на граѓаните, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вчерашното гостување на ТВ24. Спасовски образложи дека глобалните случувања, како што се воената агресија на Русија врз Украина, економската криза, енергетската криза и случувањата во […]

Пензиониран полицаец се заканил дека ќе го убие министерот за внатрешни работи

април 18, 2022

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) соопшти оти повело постапка против пензиониран полицаец што се заканил дека ќе го убие министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Обвинителството го води случајот, против пензионерот, кој бил претходно осудуван како кривично дело Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. […]

ВМРО-ДПМНЕ: Убијците на Мартин Јанушев имаат заштита од највисокиот врв на власта

ноември 17, 2017

„Никој 15 дена не знае ни каде се наоѓа, ни кој му помогнал да избега на убиецот на Мартин Јанушев. Така е затоа што очигледно криминалците инволвирани во оваа егзекуција имаат заштита од највисокиот врв на власта. Така е затоа што криминалците беа ослободувани и обработуваа за СДСМ и сега институциите се блокирани и не […]

Спасовски и Македонскиот полициски синдикат договориле работни групи за платите

ноември 15, 2017

На денешната работна средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со делегација на Македонскиот полициски синдикат, предводена од претседателот Ацо Антовски, било договорено заедничко решавање на проблемот со платите, соопшти МВР. Спасовски и Антовски се договориле заради ветеното усогласување на платите на вработените во МВР со платите на вработените во сродните институции во државата […]

Македонскиот полициски синдикат бара Владата да ги зголеми платите на полицајците

ноември 3, 2017

Македонскиот полициски синдикат (МПС) денеска побара да се зголемат платите на македонските полицајци според одлуката на Владата од април 2015 година. Со  неа првично платите на вработените во Министерството за внатрешни работи (МВР) беа усогласени со платите во другите сродни институции, но досега не биле исплатени другите две предвидени зголемувања од пет отсто за вработените во МВР. Синдикатот, […]

Спасовски со италијанскиот колега Минити договарал проширување на соработката

октомври 24, 2017

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска во Трст, Италија, се сретнал со министерот за внатрешни работи на Италија, Марко Минити, при што се разговарало за продлабочување на соработката меѓу двете министерства. Како што соопшти македонското Министерство за внатрешни работи (МВР), двајцата министри констатирале дека соработката меѓу двете министерства е одлична, а особено значајна во […]

Спасовски: Најважно е граѓаните слободно да ја изразат својата волја на изборите

октомври 15, 2017

Министерот за надворешни работи, Оливер Спасовски, во изјава за медиуми откако гласаше на локалните избори, рече дека најважно е граѓаните слободно да ја изразат својата волја на изборите. – Најважно од сè е граѓаните на Република Македонија да можат денеска самостојно да ја донесат својата одлука. Да имаат можност без притисоци, без закани и уцени […]

Кој и под кои услови во Македонија може да нареди прислушување на дипломати

август 23, 2017

Прислушувањето на странски дипломати, во чии редови без исклучок има и разузнавачи, според Законот за следење на комуникации се врши на барање на министрите за внатрешни работи и за одбрана, а го одобрува судија на Врховен суд. Во Законот за следење на комуникациите условите и постапката за прислушување е уредена во две глави. Едната се […]

Нухиу: Ќе се обидам сите граѓани да бидат задоволни од мојата работа

декември 29, 2016

Свесен за периодот во кој ќе раководам со Министерството за внатрешни работи, ќе направам максимални напори со ова решение да бидат задоволни сите граѓани на Македонија, без оглед на нивната национална, верска, партиска и социјална припадност, изјави Агим Нухиу при преземањето на министерската функција од досегашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. – Нашето општество има потреба […]

Стефановиќ: ДНК-траги од најмалку три лица на оружјето најдено кај домот на Вучиќ

октомври 31, 2016

Со вештачење на оружјето и на муницијата пронајдени во близи на семејната куќа на српскиот премиер Александар Вучиќ, идентификувани биле парцијални траги од ДНК од најмалку три лица, соопшти денеска министерот на внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ. Сепак, изјави Стефановиќ, дел од трагите биле едни преку други и тешко било да се изолира еден […]

Кумановскиот СВР му поднесе кривични пријави на градоначалникот Дамјановски

септември 7, 2016

Секторот за внатрешни работи Куманово му поднесе две кривични пријави на градоначалникот на Општината, Зоран Дамјановски, со кои го товари за злоупотреба на службената положба и овластувања. Во првиот случај, Дамјановски и двајцата раководители на општинските сектори за урбанизам и за инспекциски надзор се осомничени за пропусти околу реконструкцијата и пуштањето во употреба на раскрсницата […]

Собранието без опозицијата го изгласа Оливер Андонов за министер за внатрешни работи

септември 1, 2016

Собранието доцна вечерва со 65 гласа „за“ и ниту еден против, го избра Оливер Андонов за нов министер за внатрешни работи. За време на гласањето, во салата не беа присутни пратениците од опозицијата. На гласањето за нов министер му претходеше жестока расправа меѓу пратениците од власта и од опозицијата. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, […]

Почнаа преговорите во Пржино, партиите резервирани

јули 15, 2016

„За договор сме дојдени“, изјави Артан Груби од ДУИ пред почетокот на денешната рунда преговори на претставниците на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино во резиденцијата на Европската Унија, која што почна претпладнево. На прашањето на „Мета“ дали денеска очекуваат да се постигне договор, заменик-претседателската на СДСМ, Радмила Шекеринска, само кусо изјави „Ќе видиме“. […]

Ахмети: Македонските партии да го надминат единственото отворено прашање

јули 14, 2016

Политичките партии од македонскиот блок треба да го надминат единственото отворено прашање меѓу нив за да се олесни постигнувањето на договорот што е можно поскоро, истакнал лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, на денешната средба со италијанскиот амбасадор во земјава, Масимо Белели. Ахмети и Белели, како што информираат од ДУИ, на средбата разговарале за […]

Спасовски до Димитриев: Со самовластието и со хаосот ја продлабочувате политичката криза

април 11, 2016

Одлуката на Владата за укинување на решенијата донесени од Министерството за внатрешни работи во периодот од 11 ноември минатата година до 7 април годинава е донесена во нелегитмина постапка, надвор од законите и од деловникот за работа на владата, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во отвореното писмо до техничкиот премиер Емил Димитриев. Спасовски […]

Спасовски се сретна со Бејли

ноември 20, 2015

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретна со амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли. „Министерот Спасовски ја презентираше актуелната политичко-безбедносна состојба во земјава и ги истакна своите заложби како министер за доследно почитување на законитоста и на професионалноста во работата на вработените во Министерството. На средбата, исто така, тој ја претстави и моменталната ситуација […]

Спасовски ја презеде полициската фотелја од Чавков

ноември 11, 2015

Денеска во Министерството за внатрешни работи било извршено примопредавањето на должноста министер за внатрешни работи, соопштија попладнево од МВР. „Новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го презеде кабинетот од претходниот министер, Митко Чавков“, стои во соопштението. Спасовски денеска со мнозинство гласови во Собранието беше избран за министер за внатрешни работи.

Страна 1 од 1