fbpx

Спасовски за 24 ТВ: Стабилна и мирна безбедносна состојба, без никакви индиции за нарушување

-

Безбедносната состојба е стабилна и во овој момент без никакви индиции дека може да биде нарушен мирот, безбедноста и спокојот на граѓаните, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вчерашното гостување на ТВ24.

Спасовски образложи дека глобалните случувања, како што се воената агресија на Русија врз Украина, економската криза, енергетската криза и случувањата во регионот, секако имаат свое влијание, што се остварува во форма на хибридните закани кај нас, во земјите во регионот, но и во многу европски, како и хибридните напади во некои земји кои се зачестени со почетокот на воената агресија.

Сепак, според министерот за внатрешни работи, нема причини да се крене состојбата на готовност во безбедносниот сектор.

„Нема потреба од подигање на нивото на безбедност на институциите од безбедносниот сектор, бидејќи постојаната координација и добро поставените приоритети на институциите во тој дел целосно ја одржува стабилна безбедносната состојба во државата“, потенцираше министерот Спасовски.

Тој порача дека координираното планирање на активностите на безбедносните институции и брзиот одговор на заканите ,во најголема мерка влијае на одржувањето на безбедносната состојба стабилна.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица со амандмани против покачување на платите на судиите и обвинителите

ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска со 4.500 амандмани ги блокираа четирите закони кои предвидуваат покачување на платите на судиите и јавните обвинители, како и на судскиот и обвинителскиот совет. Предлог-законите...
Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
online free course
download lenevo firmware
Premium WordPress Themes Download
udemy paid course free download