fbpx

Две третини од 68 прекршочни на ад хок телото – за ТВ „Нова“, ТВ „Сител“ и ТВ „Алфа“

-

Две третини од вкупно 68 предлози за поведување прекршочна постапка, што ги иницира ад хок телото за надзор на медиумите, дадени во периодот од последните 30 дена пред изборите, како и за време на изборниот молк, ги добиле телевизиите „Нова“, „Сител“ и „Алфа“.

При голема и речиси постојана поделеност во ад хок телото околу целите и мерилата во процесот на надгледување на медиумите, поднесени се предлози за поведување прекршочна постапка кон 25 радиодифузери. Еден предлог е повлечен од судската писарница по барање на еден член на телото на негово барање, а три предлози, (сите за ТВ „Нова“) се одбиени, заради оценка на судијата дека не може да се смета периодот од 100 дена пред изборите за време во кое радиодифузерите може да се надгледуваат.

Другите предлози за поведување прекршочна постапка за радиодифузерите, како што се за телевизиите „Сител“ и „Алфа“, на пример, другите судии од прекршочниот суд, сепак, ги прифатија да ги судат и во рамките на споменатите 100 дена пред изборите.

Вкупниот број на поведени прекршочни постапки по радиодифузери е следен:

ТВ „Нова“ – 20 предлози за поведување прекршочна постапка, по различни основи;

ТВ „Сител“ – 8 предлози за поведување прекршочни постапки;

ТВ „Алфа“ – 7 предлози за поведување прекршочни постапки;

ТВ „Алсат-М“ – 4 предлози за поведување прекршочни постапки;

ТВ „Шења“ – 3 предлози за поведување прекршочни постапки;

ХДТВ – 3 предлози за поведување прекршочни постапки;

Компанија 21 – 3 предлози за поведување прекршочни постапки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...