fbpx

Киднапиран патнички авион, приврзаник на Гадафи се заканува со бомба

-

Авион на либиската компанија „Африка ервејз“, кој летал од Себа до Триполи, е киднапиран и откако бил пренасочен кон Малта, слетал на островот.

Весникот „Тајмс оф Малта“ јавува дека во авионот „ербас а320“ со 118 луѓе, се наоѓаат двајца киднапери кои се заканиле дека ќе го разнесат леталото.

Малтешкиот премиер Џозеф Мискат на „Твитер“ напиша дека е информиран за „потенцијалното киднапирање“ и дека „безбедносните и спасувачки операции се подготвени“.

Весникот наведува дека киднаперот, кој тврди дека има рачна бомба, е приврзаник на убиениот либиски лидер Моуамер ел Гадафи и рекол дека е подготвен да го пушти сите патници од авионот доколку му бидат исполнети барањата. Засега не се знае што точно побарал киднаперот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...