fbpx

Денеска треба да продолжи судењето на Заев за случајот „Поткуп“

-

Денеска во 10 часот во Основниот суд Скопје 1 треба да продолжи судскиот процес против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за случајот „Поткуп“.

Заев, според обвинението, се товари дека во својство на службено лице, како градоначалник на Струмица, од бизнисменот Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.

Судењето на лидерот на СДСМ за овој случај досега неколкупати се одложуваше. Рочиштето претходно требаше да се одржи на 22 ноември, но беше одложено за денеска бидејќи во судницата не се појавија адвокатите на Заев, а самиот тој бараше судењето да се презакаже за по изборите, поради презафатеност со изборната кампања.

Судскиот процес против Заев за случајот „Поткуп“ го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, која воедно е и заменик-претседател на Основниот суд Скопје 1.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...