fbpx
Таг: случај Поткуп

таг: случај Поткуп

Продолжува судењето за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет Заев

Во Основен суд Скопје 1, на денешното рочиште за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев за барање поткуп во времето кога беше градоначалник на Струмица, треба да продолжи слушањето на разговорите од посебните истражни мерки (ПИМ). Снимките кои ги обезбедил струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, од кои еден дел можеше да види јавноста на „Јутјуб“, почна на...

Апелација: Кривичен повторно да одлучува дали ќе се користат снимките со Заев за „Поткуп“

Кривичниот суд повторно ќе треба да одлучува дали снимката од посебните истражни мерки ќе се користат како доказ во судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев. Апелацискиот суд денеска соопшти дека донел одлука со која се укинува претходната одлука на Кривичниот суд - снимката да биде дел од доказниот материјал, и...

Одложено судењето на Заев за „Поткуп“, се чека одлука на Апелација за снимките

Денешното рочиште од судењето за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев се одложи за 29 јаниуари, следната година, бидејќи предметот е во Апелацискиот суд Скопје кој треба да одлужува по жалбата на Заев околу користењето на посебните истражни мерки (ПИМ) како доказ во судската постапка. Одбраната на Заев бара снимката од ПИ-мерките да...

ВМРО-ДПМНЕ: Со одложувањето на рочиштето за „Поткуп“, судството го допре дното

Одложувањето на рочиштето за предметот „Поткуп“ на неопределено време е уште еден доказ дека судството под притисок на СДС го допре дното, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Правдата и законите во оваа држава важат за сите освен за Зоран Заев и за криминалното партиско раководство околу него, велат од партијата. - Нема кривично дело за кое судењето не можело да почне повеќе од две...

Апелација ја одложи седницата за ПИ-мерките во „Поткуп“ на неопределено време

Апелацискиот суд Скопје ја одложи на неопределно време јавната седница на која треба да се расправа по жалбите на одбраната на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, околу користењето на посебните истражни мерки (ПИМ) како доказ во судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој Заев е обвинет. Причина за одложувањето на седницата е тоа што судијата известител по овој...

Апелација денеска ќе одлучува дали снимките за Заев ќе бидат доказ во „Поткуп“

Апелацискиот суд Скопје денеска треба да одржи седница на која ќе ја разгледува жалбата на одбраната на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, која бара видеоснимките од посебните истражни мерки (ПИМ) да не бидат користени како доказ во судската постапка за случајот „Поткуп“, во кој Заев е обвинет. Адвокатите на Заев, претходно, од Кривичниот суд побараа да ги издвои...

Жешка судска недела за Груевски, Заев и за Талески

Скопскиот Кривичен суд за оваа недела на распоредот има набиена агенда на рочишта за случаите „Тврдина 2“, „Поткуп“, „Шамари“ и „Транспортер“, кои предизвикуваат голем интерес во јавноста, а од кои три се по обвиненија поднесени од Специјалното јавно обвинителство. На обвинителната клупа треба да седнат лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски,...

Обвинителството две години истражува како ПИМ-снимката од Заев се нашла на „Јутјуб“

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција две години истражува од каде е објавена и кој ја објавил снимката од посебните истражни мерки (ПИМ) во случајот „Поткуп“ на видеомрежата „Јутјуб“. Одбраната на премиерот Зоран Заев, кој е обвинет во случајот „Поткуп“, денеска побара од судот да ја изземе снимката од ПИ-мерките од доказниот материјал, токму поради тоа што таа незаконски...

Заев денеска првпат како премиер треба да се појави во суд за случајот „Поткуп“

Премиерот Зоран Заев денеска треба да се појави во Основниот суд Скопје 1, каде треба да продолжи судскиот процес за случајот „Поткуп, во кој тој е обвинет за барање поткуп од околу 200.000 евра од струмички бизнисмен за приватизација на градежно земјиште. Инаку, ова ќе биде прво појавување на Заев во судот како премиер. Првото рочиште за случајот „Поткуп“ беше закажано...

Бурна политичка недела: Хан во Влада, Заев и Груевски на суд, СЈО со истечен рок

Следната недела, од почеток до крај, ќе биде со набиена агенда од настани, кои се од интерес на јавноста, а нивниот исход ќе покаже како процесите важни за земјава ќе се одвиваат во иднина. Последната недела од јуни, пред официјалниот почеток на летните одмори, ќе биде судбинска за понатамошните „реформски“ активности на Владата и пресудна за понатамошното функционирање на Специјалното...

Груевски утре на суд за „Шамарите“, Заев в четврток за „Поткуп“, в петок – „Тврдина 2“

По пауза од еден и пол месец, утре и задутре на обвинителна клупа, еден по друг, повторно треба да седнат лидерите на двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, во случаите што се водат против нив во Кривичниот суд во Скопје. Рочиштата против Груевски и Заев доаѓаат една недела по хаосот и насилствата во Собранието...

Судска ферија – предметите на СЈО на стенд-бај до 3 мај

Во зовриена политичка атмосфера, која никако не губи интензитет, судиите и главните судски инстанци ги ставија на стенд-бај клучните судења и седници, а деновиве како да си дадоа ферија со спојување на велигденските празници и на Први мај. Уставниот суд за оваа недела, односно за денеска нема закажано седница, а засега нема објавено агенда ниту за седница за следната недела. Врховниот...

Рочиштето за „Поткуп“ одложено за 4 мај, Заев бара копии од наредбите за ПИ-мерки

Рочиштето за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска беше повторно одложено, откако адвокатите на одбраната побараа Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да им достави копии од доказите за случајот. Судијката Дијана Груевска-Илиевска го прифати барањето на одбраната и следното рочиште го закажа за 4 мај, кога треба да почне главната расправа со...

Денеска нов обид за почеток на судењето против Заев за „Поткуп“

Денеска во Основниот суд Скопје 1 треба да продолжи судскиот процес против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за случајот „Поткуп“. Заев, според обвинението, се товари дека во својство на службено лице, како градоначалник на Струмица, од бизнисменот Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, кое Николов бил заинтересиран...

СЈО: Не водиме предистражна постапка против обвинителот Владимир Милошевски

Специјалното јавно обвинителство демантира дека води предистражна постапка против јавниот обвинител на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Владимир Милошевски. Од СЈО потврдуваат дека политичката партија СДСМ до нив поднела кривична пријава против обвинителот Милошевски и други лица и дека сè уште се испитуваат наводите во кривичната пријава. „До ова јавно обвинителство доставена е кривична пријава од политичката партија...

Денеска треба да продолжи судењето на Заев за случајот „Поткуп“

Денеска во 10 часот во Основниот суд Скопје 1 треба да продолжи судскиот процес против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за случајот „Поткуп“. Заев, според обвинението, се товари дека во својство на службено лице, како градоначалник на Струмица, од бизнисменот Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, кое...

Одложено судењето на Заев за случајот „Поткуп“, неговите адвокати не се појавија

Денешното рочиште за судскиот процес против лидерот на СДСМ и актуелен градоначалник на Струмица, Зоран Заев, за случајот „Поткуп“, е повторно одложено. Во судницата се појави Заев, но не беа присутни тројцата негови адвокати. Двајца од нив, Филип Медарски и Јаким Наумов, преку свои ополномоштени претставници известија дека поради нивната влошена здравствена состојба не можеле да дојдат на денешното рочиште,...

Продолжува судењето на Заев за случајот „Поткуп“

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да продолжи рочиштето од судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е лидерот на опозицискиот СДСМ и градоначалник на Општина Струмица, Зоран Заев. Заев, според Обвинителството, се товари дека како градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев барал поткуп од 163.924 евра, односно по две евра за еден квадратен метар...

Денеска судење за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет Заев

Градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска во 10 часот треба да се појави во Основниот суд Скопје 1 на рочиште за случајот „Поткуп“, во кој е обвинет за барање поткуп. На последното рочиште во судницата беше присутен струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев, од кој Заев, наводно, барал поткуп. Заев за овој случај тврди дека е наместен и...

Кривичниот суд ја запре постапката за случајот „Поткуп“

Кривичниот суд во Скопје донел одлука со која ја запрел постапката за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потврди судот. Судијката Даниела Груевска-Илиевска, која го водеше предметот, одлуката ја донела по добивањето на одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за помилување на Заев. - По добивањето на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов, судијата донесе одлука...

НСЗР најавува штрајк доколку нема линеарно зголемување на платите

Правилно и законски да се исплати платата, согласно Законот за минимална плата, побара Независниот синдикат на здравствени работници на денешната прес-конференција. Независниот синдикат при КСОМ најави протести за време на...