fbpx

Нема повредени македонски граѓани во синоќешниот напад во Берлин

-

Засега нема информации за загинати или повредени македонски граѓани во синоќешниот напад во Берлин, кога камион влета во штандови на божиќениот базар, информираат од македонската амбасада во Берлин.

Оттаму велат дека засега нема пријавено дека некој македонски граѓанин е жртва во инцидентот, кој, според полицијата, е терористички акт.

Во синоќешниот напад во Берлин бројот на загинати се искачи на 12 лица. Тројца од повредените им подлегнале на повредите во болница.

На социјалните мрежи се појави порака со која, наводно, Исламска држава ја презема одговорноста за нападот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ФЗО протестираат – бараат повисоки плати и разрешување на управниот одбор

Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денес протестираат со три барања, потврди претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски. Нивните...