fbpx

Мистериозно исчезна знамето на Русија на состанокот на ОБСЕ во Хамбург

-

Знамињата на сите 57 земји членки на ОБСЕ се поставени во изложбениот дел во медиумскиот центар на саемот во Хамбург. Голем син плакат на кој е испишано „ОБСЕ – Германија 2016“, заедно со знамињата се одлична заднина за фотографирање и за изјави од министрите за надворешни работи. Сепак, утринава, во редот знамиња се појави дупка – исчезна знамето на Русија.

На социјалните мрежи во Германија се појави слика на која се гледа празнина во редот, а тоа веднаш предизвика лавина прашања на „Твитер“: „Каде исчезна бело-сино-црвеното знаме?“, „Каде е јарболот?“… Набргу, знамето се појави на своето старо место како никогаш да не исчезнало.

Одговорот на енигмата е многу едноставен – знамето е позајмено за потребите на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

– Требаше Лавров да се фотографира по разговорите – соопшти портпаролот на ОБСЕ.
Во недостиг на уште едно руско знаме, организаторот се одлучил за просто решение – да го позајми руското знаме од прес-центарот. Целата работа е направена во консултација со руската делегација, соопшти портпаролот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петнаесет работници лани загинале на работните места

Утре, в недела, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во паркот на улицата Пандил Шишков во општина Аеродром ќе бидат засадени 15 дрвца, колку што изнесува...