fbpx

Новинарски екипи оневозможени да следат настан во Рускиот дом во Белград

-

На новинарските екипи на телевизијата Н1, на „Инсајдер“, како и на националните српски телевизии „Прва“ и „Б92“ денеска не им било дозволено да присуствуваат на претставувањето на макетата со идниот изглед на внатрешноста на куполата на храмот „Свети Сава“, што се одржува во Рускиот дом во Белград, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“.

На конференцијата по повод претставувањето на декорацијата на куполата на храмот, треба да говорат претседателот на Србија, Томислав Николиќ, амбасадорот на Русија во Белград, Александар Чепурин, и министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Како што јавила телевизијата Н1, на нејзината екипа не ѝ било дозволено да влезе на настанот со образложение дека нема акредитација, иако, како што тврдат од телевизијата, претходно не добиле известување дека таа им е потребна.

Аташето за медиуми на руската амбасада во Белград, Јуриј Пичудин, изјавил дека капацитетот за сместување на новинарите им е ограничен и дека се воделе од принципот да ги повикаат само оние медиуми кои претходно известувале за изградбата на храмот „Свети Сава“ во Белград.

„Ние можевме теоретски да го средиме ова порано, но вие не се пријавивте навреме. Сега физички е невозможно да влезе ниту една камера повеќе“, рекол Пичудин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...