fbpx

Груевски: Граѓаните не сакаат премиер криминалец и митаџија

-

Митингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија во Битола вечерва наликуваше на митинг на партија која долго време е во опозиција, присеќавајќи се на последиците од владеењето на СДСМ и ветувајќи што сè ќе направат за државата и за Битола ако победат на 11 декември.

Така, кандидатите за пратеници од Битола во петтата изборна единица, спомнувајќи ја пирамидалната штедилница „ТАТ“ и последиците што таа ги остави врз економијата во градот, ветија многу работи меѓу кои топлификација, гасификација, изградба на патишта, железници и странски инвестиции.

– СДСМ остави споменици од транзицијата затворајќи многу фабрики, дојде редот да го бараме чарето на тоа. Ги оставија разурнати и патиштата и ним ќе им дојде редот – рече меѓудругото кандидатот за пратеник од Битола, Зоран Илиоски.

Носителот на листата во петтата изборна единица, Антонио Милошоски, се надоврза на Илиоски и рече дека СДСМ во свое време оставил 38 проценти од популацијата во државата невработени и тоа било причината за масовното иселување на младите од државата.

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски, се појави по еден час од почнувањето на митингот каде што битолчани го чекаа на температура од шест степени под нулата.

Неговиот говор беше насочен кон лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кого го нарече „криминалец пар екселанс“.

– Заев лаже дека ќе донел нови инвестиции, па тој е на власт 11 години и ниту една фабрика нема во Струмица, а како тогаш ќе донесе во Битола. Тој е најголемиот криминалец во македонската политика. Граѓаните не сакаат премиер криминалец и митаџија – рече Груевски.

Пред почетокот на говорот на Груевски, непосредно до местото каде што се одржуваше митингот, на зградата Белведере битолчани направија герила-акција на која ставија транспарент на кој пишуваше „Реално ќе си лежите“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...