Сиријските владини сили го зазеле клучниот дел на Алепо, Ал-Сакхур, и со тоа ја вратиле контролата над сите северни области од источниот дел на градот што ги држеа бунтовниците, јавуваат светските агенции.
Освојувањето на областа Ал-Сакхур го потврдиле сириската државна телевизија, како и сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.
Сириската армија, лојална на претседателот Башар ал-Асад, и нејзините сојузници во септември годинава почнаа голема офанзивна за преземање на Алепо, кој е втор по големина град во Сирија.
Илјадници цивили, како што јавува „Би-би-си“, ги напуштиле источните области на Алепо, по тешките борби меѓу владините и опозициските сили, кои траеле целиот викенд.
Заземањето на Алепо е клучната цел на сириската влада, во нејзината борба против бунтовниците.