fbpx

Тачи: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нема да можат да ги повторат изборните нерегуларности

-

„Изборите ќе бидат ставени под рендген, што значи дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нема да можат да ги повторуваат нерегуларностите од минатите избори“, изјави денеска лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по неговата средба со европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, во седиштето на Европската Унија во Скопје.

Тачи по средбата изјави дека со европратениците разговарал за Договорот од Прижно и бил уверен дека изборниот процес и изборните резултати детално ќе се разгледуваат.

– Одлични вести, разбрав од европратениците дека изборите во Македонија ќе бидат ставени во рендген-ситуација. Една јака порака до ВМРО-ДПМНЕ и до ДУИ дека нема да можат да ги повторуваат нерегуларностите од минатите избори. Се договоривме да бидеме во постојан контакт и да се информираме за ситуацијата – изјави Тачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина прави напори да го зголеми бројот на војници, но далеку од тоа дека останала без војска

Украина не е останата без војска, иако се соочува со недостиг на војници во одредени области. Украина дури во 2024 го направи она што Русија веќе го спроведува, а...