fbpx

Кирацовски: Вработените во администрацијата обезбедуваат кворум за митингот во Охрид

-

Голем број државни институции и општини се ставија во функција на обезбедување кворум за потребите на партискиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ што ќе се одржи денеска во Охрид, се вели во соопштението од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и за администрација, Александар Кирацовски.

– Вработените, наместо на работните места каде што треба да ги извршуваат своите работни задачи во служба на граѓаните од кои се и платени, од страна на раководните лица со притисоци и со заплашувања, се ослободени од работните задачи и се упатуваат на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – се додава во соопштението.

Во таа насока, Кирацовски до Државниот инспекторат за труд, поднел иницијатива за поведување постапка за вонреден инспекциски надзор над работењето на оние институции од каде што има информации за голем број нерегуларности.

– Го повикуваме Државниот инспекторат за труд соодветно да постапи по истата, за еднаш засекогаш да се стави крај на злоупотребите на вработените во јавниот сектор, кој се користи за партиско-политички интереси. Сите прекршувања на законските норми каде што со  партиско и со политичко дејствување се влијае врз вработените, а со тоа се попречува правото на слободно изразување на волјата на граѓаните, ќе бидат соодветно санкционирани – се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...