fbpx
Таг: кворум

таг: кворум

Петков од Брисел отфрли можност за кревање на ветото во овие два дена, ќе го чека парламентот

Пред почетокот на средбата ЕУ-Западен Балкан во Брисел, по која почна дводневниот состанок на Европскиот Совет, бугарскиот премиер Кирил Петков во изјава за Бугарското национално радио (БНР) рече дека ќе си го одржи зборот за кревање на ветото за Северна Македонија - но откако бугарскиот парламент ќе го каже својот став. Петков ја отфрли хипотетската можност ветото да биде кренато...

Кворумот и „проблеми со струјата“ ја прекинаа работата на Собранието

Поради одредени проблеми со струјата во делови на Скопје, а и ние имаме проблеми, со работата на оваа седница ќе продолжиме утре, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери по паузата за ручек, прекинувајќи ја денешната 45-пленарна седница. Инаку, салата беше нормално осветлена, а работеше и разгласот. Инаку, во собраниската сала имаше недоволно пратеници за кворум, а Џафери првин почека неколку...

Џафери до координаторот на пратеничката група на ДУИ: Ејуп каде ти се пратениците?

По две недели пауза, Собранието денеска одржа пленарна седница на која пратениците гласаа за осум закони по скратена постапка, но со потешкотии во обезбедувањето на кворум бидејќи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и покрај координациите одлучија и понатаму да ја бојкотираат работата на законодавниот дом. За време на седницата, претседателот на Собранието, Талат Џафери неколку пати имаше проблем да обезбеди кворум на присутни...

Нов обид на Собранието да обезбеди кворум да гласа за уставните судии и Законот за јазиците

Откако пред два дена Собранието не можеше да обезбеди кворум за гласање, претседателот Талат Џафери за денеска ги закажа петте продолженија на пет седници за гласање на повеќе закони. Пратениците денеска треба да гласаат за новите судии во Уставниот суд на предлог на претседателот на државата, проф. д-р Осман Кадриу и д-р Дарко Костадиновски кои во вторникот не беа избрани...

Собранието цел ден без кворум, сите седници презакажани за задутре

Четири продолженија на четири седници се случија во Собранието на Република Македонија за нешто повеќе од половина час во попладневната сесија денеска, но како и претходно, не можеше да се гласа за ниту една точка, оти немаше кворум. Во продолженијата на седниците, сепак, за разлика од претходно, се јавија некои пратеници за дискусија, главно образложувајќи ги причините поради кои треба...

Собранието немаше кворум за да ги избере новите уставни судии

Проф. д-р Осман Кадриу и д-р Дарко Костадиновски денеска не беа избрани за нови судии во Уставниот суд на Република Македонија, бидејќи во салата на Собранието на Република Македонија немаше доволно пратеници за да биде изгласано нивното назначување. Денешното продолжение на 27-та седница, на која една од главните теми беше предлогот на претседателот на Република Македонија за нови уставни судии,...

Два неуспешни обиди за гласање на новиот јавен обвинител поради немање кворум

Со еден час задоцнување, Собранието денеска напладне ја почна седницата за избор на Љубомир Јовески за нов државен јавен обвинител, но, по два неуспешни обиди тој да биде изгласан, собранискиот спикер, Талат Џафери ја прекина седницата, бидејќи во салата не беа присутни 61 пратеник. При првото гласање, вкупно гласаа 60 пратеници, од кои 59 беа „за“, а еден беше воздржан,...

Кирацовски: Вработените во администрацијата обезбедуваат кворум за митингот во Охрид

Голем број државни институции и општини се ставија во функција на обезбедување кворум за потребите на партискиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ што ќе се одржи денеска во Охрид, се вели во соопштението од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и за администрација, Александар Кирацовски. - Вработените, наместо на работните места каде што треба да ги извршуваат своите работни задачи во служба...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...