fbpx

Петков од Брисел отфрли можност за кревање на ветото во овие два дена, ќе го чека парламентот

-

Пред почетокот на средбата ЕУ-Западен Балкан во Брисел, по која почна дводневниот состанок на Европскиот Совет, бугарскиот премиер Кирил Петков во изјава за Бугарското национално радио (БНР) рече дека ќе си го одржи зборот за кревање на ветото за Северна Македонија – но откако бугарскиот парламент ќе го каже својот став.

Петков ја отфрли хипотетската можност ветото да биде кренато на дводневниот состанок на Европскиот Совет.

Пред да влезе на самитот ЕУ-Западен Балкан, Петков, на чиј владин кабинет вчера бугарскиот парламент му изгласа недоверба, го обвини лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов за дволичност, а го прозва и претседателот на Бугарија, Румен Радев, затоа што досега не свикал состанок на Консултативниот совет за национална безбедност, на што Петков повикуваше претходно, за да се дефинира позицијата.

Борисов вчера, часови пред парламентарната седница на која се изгласа недоверба на Владата, му порача на Петков дека ќе ја поддржи владата на гласањето ако дефинира јасна позиција на владата за бугарските барања за РСМ и за кревањето на ветото. Петков тоа го одб, со истото образложение како денеска.

„Јас ветив на бугарскиот народ дека одлуката треба да ја донесе бугарскиот парламнет. Нема хипотетска можност за кревање на ветото до крајот на состанокот на Европскиот Совет, затоа што јас си го држам зборот. Јас сум премиер на Бугарија и кога ќе кажам и ќе ветам нешто на бугарскиот народ, си го држам зборот. Тоа на што, меѓутоа, се надевам е дека во следниве денови парламентот ќе донесе решение за ова прашање. Исто така верувам дека имаме историски момент сега да можеме да ги зачуваме сите бугарски интереси – нешта за коишто секогаш сме мечтаеле“, рече Петков во Брисел.

Иако има најави од две партии за дефинирање позиција во парламентот, тоа тешко ќе се случи, оти Бугарската социјалистичка партија (БСП), еден од трите преостанати партнери во владејачката коалиција, објави дека нема да го поддржи францускиот предлог. Како услог да го прифатат овој предлог, од БСП бараат првин Северна Македонија да ги исполни сите обврски од Договорот за добрососедство од 2017 година, пренесува mediapoool.bg.

Според Петков, францускиот предлог е многу добар и изрази чудење како тоа опозицијата не може да постигне кворум за седницата.

ГЕРБ, која е втората парламентарна сила, со 59 пратеници, претпладнево објави дека е подготвена да влезе во парламентот. Координаторката на пратеничката група на ГЕРБ и СДСМ, Десислава Атанасова, повика да се донесе дневен ред, за да се изгласаат законите за буџетот и законите сврзани со планот за економски препораод, како и да се одлучува за францускиот предлог. Атанасова рече оти се јавила потреба две опозициски групи да подготват предлот-решение за францускиот предлог, бидејќи „владата не си ја завршила работата“, оти не достави, како што бараше ГЕРБ вчера, предлог-текст за францускиот предлог за кревање на ветото за Северна Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...