fbpx

Два неуспешни обиди за гласање на новиот јавен обвинител поради немање кворум

-

Со еден час задоцнување, Собранието денеска напладне ја почна седницата за избор на Љубомир Јовески за нов државен јавен обвинител, но, по два неуспешни обиди тој да биде изгласан, собранискиот спикер, Талат Џафери ја прекина седницата, бидејќи во салата не беа присутни 61 пратеник.

При првото гласање, вкупно гласаа 60 пратеници, од кои 59 беа „за“, а еден беше воздржан, што изнуди реакција од Џафери, кој, најверојатно несвесен дека микрофоните не се исклучени рече, „кој е воздржан бе“.

Тој ги замоли собраниските служби да го утврдат бројот на присутни пратеници, но и по повтореното гласање, тој остана идентичен, единствено овој пат сите 60 гласаа „за“.

Поради немањето кворум од 61 пратеник, колку што се потребни за да биде изгласан новиот државен јавен обвинител, Џафери даде пауза од половина час и побара oд координаторите на пратеничките групи да ги соберат пратениците.

На седницата не присуствуваат пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои две недели ја бојкотираат работата на законодавниот дом поради притворањето на шестмината нивни колеги, осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, оваа година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...