петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: инспекторат | 12 резултати

Богдановски: Ќе ги ловиме дивите откупувачи на суровини, заради нив се палат кабли и отпад

февруари 11, 2019

Шест месеци откако директно од Државниот инспекторат за животна средина дојде на чело на Градскиот инспекторат, се чувствува раздвижување посебно кога се работи за инспекции на помалите загадувачи. Со првиот човек на Градскиот инспекторат, Мирослав Богдановски, зборуваме за предизвиците, за алатките во борба против загадувачите, за социјалната димензија на загадувањето. Инициравте промена на Правилникот за […]

Град Скопје: Не пријавувајте отворени огнови на „Фејсбук“, пријавете ги на 193

ноември 9, 2018

Од Град Скопје апелираат до граѓаните сите забележани огнови на отворено да ги пријавуваат исклучиво на телефонскиот број 193, наместо на „Фејсбук“ или на другите социјални мрежи. Од таму потенцираат дека горењето пластика, гуми, кабли, неквалитетни дрва и палењето на дивите депонии влијаат на загадувањето на воздухот и додаваат дека според статистиката греењето на дрва […]

Шилегов: На местото на Ќосето ќе насадиме дрво на човековите права

февруари 22, 2018

На местото на споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој ноќеска беше остранет од службите на Град Скопје, ќе се насади дрво на човековите права и ќе биде поставена изгравирана плоча, која Скопје ќе ја добие од збратимениот германски град Нирнберг, на која ќе бидат напишан членот 10 од Универзалната декларација за човекови права […]

Изградбата на џамијата на Попова Шапка продолжува, иако нема дозвола за градба

јуни 14, 2017

На Попова Шапка деновиве повторно продолжија градежни активности за изградба на џамија која нема дозвола за градба. Инвеститорот не се откажува од изградбата на џамијата дивоградба, иако тетовскиот општински инспекторат во изминативе две недели, двапати бил на местото каде што се гради и му наложил да го запре градење. Иако и двете забрани беа испочитувани неколку […]

Кирацовски: Вработените во администрацијата обезбедуваат кворум за митингот во Охрид

ноември 21, 2016

Голем број државни институции и општини се ставија во функција на обезбедување кворум за потребите на партискиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ што ќе се одржи денеска во Охрид, се вели во соопштението од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и за администрација, Александар Кирацовски. – Вработените, наместо на работните места каде што треба да ги извршуваат […]

„Југохром“ до полноќ ќе ги исклучи сите печки

ноември 2, 2016

Раководството на „Југохром“ постапи по одлуката на државниот инспекторат за животна средина, кој вчера донесе решение комбинатот да ги исклучи сите печки поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците, кој истече пред два дена. Генералниот директор на „Југохром“, Васко Скендеровски, во телефонска изјава рече дека од синоќа етапно почнале со исклучување на печките […]

Земјоделските производи од поплавените подрачја не се за откуп, ниту за консумација

август 26, 2016

Од земјоделските површини во поплавените подрачја има мало количество земјоделски производи што не се откупуваат и тоa нема сериозно да влијае врз понудата на зелените пазари, информираше денеска на прес-конференција директорот на Инспекторатот за земјоделство, Цветан Трифуновски. Резултатите од анализата на мострите земени од земјоделските површини од поплавените подрачја наскоро ќе бидат објавени. – Инспекторатот формираше […]

Дивоградба во центар на Тетово на само два метри од станбени објекти

јуни 18, 2016

Станари од зградата 25 на булеварот Маршал Тито во Тетово, реагираа на неажурноста на институциите, кои изминатите пет месеци дозволиле до нивните тераси и прозорци да се изгради дивоградба. Една од сопствениците на становите, Гордана Младеновска, вели дека тетовскиот инспекторат во февруари годинава е информиран дека почнала градба на нелегален објект. Но, инспекторатот не презел […]

Страна 1 од 1