Извршени се 2.895 надзори, затворени 14 угостителски објекти и поднесени две кривични пријави

-

Шесте инспекциски служби во надлежност на Инспекцискиот совет во периодот од 12 март до 28 април направиле 2.895 надзори во врска со почитувањето на одлуките, мерките и препораките на Владата за заштита од коронавирусот, информираше претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска.

Најголем број од надзорите, 1.566 ги реализирале инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, а се однесуваат на угостителски објекти и контроли на замрзнати цени. При извршените надзори затворени се 14 угостителски објекти кои не ги почитувале мерките на Владата, од кои 12 во Тетово и по еден објект во Охрид и Струмица, за кој е поднесена и кривична пријава. Исто така, поднесена е кривична пријава и до хостел во Скопје.

Државен инспекторат за труд пак, направил 682 надзори и донесени се 15 решенија и 42 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките.

Инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство реализирале 195 надзори, при што изречени се 8 казнени мерки едукација за поради непримена на заштитните мерки, неправилно означување на производи, лоша хигиенска пракса, како и дополнителни 12 решенија за неспроведување на контрола за штетници и заштита од нив и лоши хигиенски услови.

Инспекторите на Државниот здравствен и санитарен инспекторат реализирале 286 инспекциски надзори со фокус на приватни и јавни здравствени установи, домови за стари лица, а во врска со почитување на протоклите за заштита на медицинскиот персонал за прием и постапување со инфицирани пациенти од корона вирус. Издадени се 395 дозволи на транспортери за професионални возачи, со цел да се обезбеди непречена достава на стоки во време на пандемија.

Агенција за лекови и медицински помагала „МАЛМЕД“ при реализирани 52 контроли на веледрогерии и аптеки утврдила дека нема специфични отстапувања.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...