Општина Тетово незаконски ги криела податоците за работата на инспекторатот

-

Агенцијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер донесе одлука со која ја усвои жалбата на редакцијата на „Порталб.мк“ која во декември 2018, според Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, побара информации во врска со работата, структурата и деталите на вработените во Општинскиот инспекторат.

И покрај ветувањата за транспарентност од страна на градоначалничката Теута Арифи, Општина Тетово дејствувала незаконски, бидејќи не ги доставила одговорите во врска со општинскиот инспекторат во бараната форма и начин.

„Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, по разгледување на жалбата и другите дописи поврзани со предметот, заклучи дека имателот на информацијата (Општина Тетово) не постапил согласно законските одредби за слободен пристап до информациите побарани од барателот, според начинот и формата наведени во барањето”, се вели во одлуката на Агенцијата.

Агенцијата исто така ѝ укажува на Општина Тетово дека, во текот на втората постапка има обврска целосно да ги достави бараните информации и да постапи согласно со член 20, став (1) од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер кој пропишува „ако имателот на информациите позитивно одговори кон барањето и доколку барањето е делумно или целосно е прифатена, за истата се донесува одлука“.

Редакцијата на „Порталб.мк“ побара од Општина Тетово да ги достави скедните информациите:

• Колку вработени има во Секторот за инспекција на Општинскиот инспескторат на општина Тетово?
• Колкав е бројот на вработени со позиција “инспектор” (со име, презиме и контакт телефон)?
• Другите вработени, покрај инспекторите, какви задачи вршат (работна позиција, број на вработени)?
• Со колку возила располага овој Сектор?
• Која е висината на платите на вработените и дали им се плаќа надомест за ангажман вон работното време?
• Какво работно време имаат инспекторите (во часови)?
• Дали има вработени кои постојано работат надвор од редовното работно време, односно дали има некој кој постојано е дежурен во ноќните часови?

Од одговорите, редакцијата на „Порталб.мк“ констатирала дека:

• Општината не ја прикажува висината на плати и надоместоци за инспекторите и другите вработени во тетовскиот инспекторат, кои се плаќаат од парите на граѓаните.
• Општината не ги открива имињата на општинските инспектори, не објавува податоци за контакт со истите.
• Општината исто така делумно одговорила за другите вработени лица во Инспекторатот покрај инспекторите, односно 19 референти или стручни административни службеници помошници, за тоа каква конкретна задача вршат.
• Општината исто така делумно и на нејасен начин одговорила во врска со тоа дали има вработено лице кој редовно работи после работното време, односно дали редовно дежура во текот на ноќните часови. Од општината велат дека дежурен вработен има по потреба, но не прецизираат како ја утврдуваат „потребата за дежурство“- имајќи предвид дека загадувачите ги горат забранетите предмети без определен распоред и со ваква активност не може да се предвиди дали инспекторатот има намера да биде ефикасен во работата што ја врши.

Од „Порталб.мк“, повторно ја потсетија Општината дека има законска обврска да ги достави целосно бараните податоци.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...