„Југохром“ до полноќ ќе ги исклучи сите печки

-

Раководството на „Југохром“ постапи по одлуката на државниот инспекторат за животна средина, кој вчера донесе решение комбинатот да ги исклучи сите печки поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците, кој истече пред два дена.

Генералниот директор на „Југохром“, Васко Скендеровски, во телефонска изјава рече дека од синоќа етапно почнале со исклучување на печките и дека до полноќ сите печки ќе бидат исклучени.

– Ние мора да ја почитуваме одлуката на Државниот инспекторат за животна средина. Сепак, оваа одлука требаше да ја потврди и Владата. Бидејќи оттаму немаме никаков допис, ние ќе ја почитуваме одлуката на инспекторатот – изјави Скендеровски.

Тој додаде дека нивни екипи ќе продолжат со изградбата на филтер-станицата, чии темели се веќе поставени.

– Морам да кажам дека досега филтер-станицата ќе беше изградена, но многу чекавме за да добиеме градежна дозвола за нејзина изградба – додаде Скендеровски.

Со затворањето на комбинатот, без работа ќе останат околу 1.000 работници.

АНАЛИЗА: Повисока инфлација, иста стапка на раст на БДП

Ценовниот притисок ги „стопи“ очекувањата за инфлација од 2,2 отсто во оваа економска година, објавува Порталб. Според новите буџетски проценки инфлацијата ќе биде нешто помалку од 3%. Во новата Фискална стратегија...

Карен Пирс: Обединетото Кралство ја зајакнува регионалната соработка во Западен Балкан

Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс во својата колумна изјави дека инвестирањето и ангажирањето со земјите од Западен Балкан е геостратешки императив во услови на зголемена глобална...

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде што екипите...

Вработената во Општина Кочани беше повредена со пластично шише

„Вистиномер“ на социјалните мрежи пронајде објавен видеоматеријал на којшто е прикажан инцидентот и на него се гледа дека сите шишиња коишто се поставени на масата за советниците, се пластични, пишува „Вистиномер“ Во...

АНАЛИЗА: Повисока инфлација, иста стапка на раст на БДП

Ценовниот притисок ги „стопи“ очекувањата за инфлација од 2,2 отсто во оваа економска година, објавува Порталб. Според новите буџетски проценки инфлацијата ќе биде нешто помалку од 3%. Во новата...